Државниот завод за статистика информираше дека во април 2025 година е забележан пораст на цените на угостителските услуги од 0,1 процент во однос на март.
Во споредба со истиот месец минатата година, цените се зголемени за 4,4 проценти.
Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.
Фото: Унсплеш