(Фото) Grizzly го презеде Аурора Козјак, ресторанот трансформиран во Grizzly Планински Еко Центар, отварање утре

Една од најатрактивните и најпрепознатливи туристички дестинации кај нас – Grizzly Igloos, информира дека Grizzly го презема и целосно трансформираше поранешниот ресторан Аурора Козјак, кој сега прерасна во Grizzly Планински Еко Центар, место каде природата, забавата и едукацијата се спојуваат во уникатно планинско доживување.

-Овој нов центар претставува природно проширување на оригиналната понуда на Grizzly, која досега беше позната по впечатливите иглоа. Сега, Grizzly нуди целосно ново искуство за посетителите од сите возрасти – од одмор и рекреација, до авантура и учење во природа, велат од таму.

Во склоп на Центарот ќе има и детско игралиште и мини зоолошка градина, како и нов ресторан, бар, дизајнирани со планински амбиент и локални вкусови.

Тука ви се и уредените пешачки патеки низ живописната природа на Козјак, а може да се одморете во партнерските зони со клупи и поглед на езерото.

По повод отворањето на Grizzly Планинскиот Еко Центар е организиран голем дводневен настан, утре и во недела, полн со забава, музика, активности и изненадувања.

Почетокот е од 12:00 часот напладне, а влезот е слободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести