101 забрана за управување со моторно возило, поради поминување на црвено и голема брзина регистрирани од „Безбеден град“

За поминување на црвено светло и за возење со брзина поголема од дозволената, изречени се 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, велат од Министерство за внатрешни работи (МВР).

„За минување на црвено светло констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24.

За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите.

Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе се казнува и колкави се казните: Од утре ќе се казнува со „Безбеден град„

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести