Категорија: октомври 9, 2025

Битолскиот суд одреди куќен притвор за Борче Марковски и уште еден осомничен за случајот со РЕК Битола, Обвинителство ќе се жали

Основниот суд Битола му одреди куќен притвор на сопственикот на Марковски компани ДОЕЛ увоз-извоз Битола, Борче Марковски и на уште еден осомничен, опфатени во новата истрага за злоупотреби во РЕК Битола. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола бара мерка ефективен притвор и од таму најавија жалба на одлуката на Судот. „Основниот

Прочитај повеќе

Одбраната на Нино Васев бара затворскиот да биде заменет со куќен притвор

На денешното рочиште за предметот познат како „Онкологија 2“, одбраната на Нино Васев побара неговиот затворски да биде заменет со куќен притвор со гаранција или со одземање на пасош, со образложение дека двата предмети кои се водат против него се обемни и дека условите во затвор не дозволуваат соодветна подготовка

Прочитај повеќе

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица за поништување на Упатството на ААВМУ

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која партијата побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26. септември годинава. Во образложението за пресудата, од Управниот суд наведуваат дека согласно позитивните законски одредби, ААВМУ е самостојно и

Прочитај повеќе

За што се осомничени газдата на Марковски компани, вработен во компанијата и службени лица во РЕК Битола: Детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Битола потврди дека сопственикот на Марковски компани ДООЕЛ Битола, Борче Марковски, вработен во фирмата, но и пет службени лица во РЕК Битола – поранешниот директор на комбинатот, Пеце Матевски и четворица поранешни раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, се дел од новата истрага против

Прочитај повеќе

Од 12. октомври стартува системот за влез и излез од ЕУ: За што сè треба да се подготвите

Почнувајќи од 12. октомври 2025 година, Европската Унија (ЕУ) ќе започне со воведување на Системот за влез/излез (EES), со целосна имплементација до април 2026 година, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оваа нова алатка за дигитално гранично управување ќе го замени традиционалното ставање печати на пасошите со биометриски записи, трансформирајќи го начинот на

Прочитај повеќе

Tessa Group го претстави своето ново корпоративно име

Tessa Group е новиот бренд кој ги обединува силите на Инфософт Системс Скопје и ЦПП Услуги, чекор кој не е само промена на име, туку симбол на обединетост, визија и континуиран напредок. Сопственикот Ајри Шеј, за ова ребрендирање истакна дека е повеќе од визуелна промена: „Денес започнува ново возбудливо поглавје

Прочитај повеќе

Уапсен Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски компани“

Повеќе медиуми јавија дека денеска бил уапсен сопственикот на компанијата Марковски компани ДООЕЛ Битола, Борче Марковски од Битола, кој воедно е и почесен конзул на Белорусија во Македонија. Компанијата е фокусот на јавноста последниве години поради милионските тендери кои ги добива, претежно од РЕК Битола, а за Марковски се знае

Прочитај повеќе

Македонското небо не смее да се „затвори“, реагира менаџерскиот тим на М-НАВ за најавениот штрајк на контролорите на летање

Менаџерскиот тим на акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје реагира за најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24. октомври. „М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и

Прочитај повеќе

Во недела во Парк – Јубилејниот десетти традиционален настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Под слоганот „Подај рака“, во недела (12.10.2025) на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи јубилејниот десетти по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, под слоганот „Подај рака“. Целта на настанот е подигнување на јавната

Прочитај повеќе

По 10 години, Ламбе Алабаковски се враќа на скопската сцена со голем концерт во Јавна соба

По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на 10. октомври ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија и најпознатите хитови кои го обележаа неговото долгогодишно присуство на македонската музичка сцена. „Конечно, по десет години на некој му текна

Прочитај повеќе

Македонија ќе добие оператор за пазарот на гас

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донела соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување. Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести