Категорија: октомври 11, 2025

18-годишник силувал малолетничка, случајот го пријавил таткото

На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријавил дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  Полицијата презема мерки за целосно расчистување на

Прочитај повеќе

Системот е трул и нефункционален, рече Мицкоски на одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп

Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации, порача премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, на одбележувањето на 11 Октомври. „Мора да работиме за остварување на нашите стратешки цели. Ако тие ги релативизираме или се откажеме од нив, тогаш остануваме без цел и

Прочитај повеќе

Одземени 18 килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра: Детали од МВР за филмскиот грабеж на златара во Гостивар

Во филмскиот грабеж што синоќа се случи во Гостивар, одземени се 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра, информираа од полицијата. „Четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18

Прочитај повеќе

Вработена во казино во Гостивар, украла околу 13.000 евра и со истите играла на апаратите

Вработена во казино, украла околу 13.000 евра и со истите играла на апаратите, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј. (30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар

Прочитај повеќе

(Видео) Лудо возење по Партизанска на возачот на министерот Алиу, МВР ќе го санкционира

По реакциите во јавноста за лудото возење на возачот на министерот за здравство, Азир Алиу, по булеварот “Партизански одреди“ во Скопје, Министерството за внатрешни работи (МВР) го пронашла и истиот ќе биде казнет. „Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое

Прочитај повеќе

Денеска го чествуваме 11 Октомври, кое е огромното значење на овој празник

На 11. октомври 1941 година, македонскиот народ го подигна првото антифашистичко востание во поранешна Југославија и на Балканот. Тој ден е запишан како еден од најсветлите датуми во историјата на Македонија, симбол на решителноста на македонскиот човек да се бори за слобода, достоинство и национална самобитност. „11. октомври 1941 година

Прочитај повеќе

Македонија ремизираше со Белгија: Фудбалската репрезентација на прагот до историски пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Гент, Белгија освои бод во квалификациите за Светското првенство 2026, откако со белгиската репрезентација одигра 0:0. По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови. Втора е Белгија со 11, а трет е Велс со 10 бодови, но овие репрезентации

Прочитај повеќе

(Видео) Филмски грабеж на златара во Гостивар, ограбувачите со бодликави жици ги блокирале улиците за да побегнат од полицијата

Во Гостивар синоќа беше ограбена златара во близина на малиот пазар, а грабежот ги има сите елементи на филмско сценарио. Во грабежот како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово учестувале четири маскирани лица кои користеле автоматско оружје. Потоа побегнале со возило „бмв” без регистарски таблички, кое подоцна

Прочитај повеќе

Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор

Од куќен, газдата на Марковски компани, Борче Марковски, оди 30 дена во затворски притвор. Од Основниот суд Битола ја прифатија жалбата на Основното јавно обвинителство Битола, Марковски да добие затворски притвор поради можност за бегство, но и поради тоа што поседува имот во друга држава, без да споменат повеќе детали

Прочитај повеќе

20-годишно момче осомничено за убиството на Македонецот Стојче Горгиев во Љубљана

Словенечките медиуми објавија дека 20-годишно момче од Љубљана, Словенија, е осомничен за убиството на Македонецот Стојче Горгиев од кочанското село Грдовциво. Според локалните медиуми осомничениот е во притвор, а сам со својот татко се пријавил во полиција, каде рекол дека претепал некого во центарот на Љубљана. Тренирал бокс и фудбал.

Прочитај повеќе

Македонија ќе добие оператор за пазарот на гас

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донела соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување. Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести