Категорија: октомври 31, 2025

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

dm drogerie markt ја започна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на две основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје добија донација наменета за набавка на садници во вкупен износ

Прочитај повеќе

Финансиски резултати на ОКТА: ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари

ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените

Прочитај повеќе

Индустриското производство зголемено за 2,3%

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период лани е зголемено за 2,3 %, додека во септември е зголемено за 2,7 % во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември

Прочитај повеќе

Еден од напаѓачите на Арсовска доби условна казна

Реџеп Нуредини, еден од напаѓачите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доби условна казна од две години Неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека на денешната главна расправа тој покажал искрено каење за стореното – „неговото грубо однесување спрема оштетената“. „Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за

Прочитај повеќе

Реплек со раст на нето добивката од 77% во третиот квартал

Реплек АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил консолидирана нето добивка по оданочување од 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува раст од 77% во однос на истиот период во 2024 година, информираше компанијата преку Македонската берза. -Овие резултати ја потврдуваат ефективноста на стратешките инвестиции и успешното

Прочитај повеќе

Скопски ресторани кои се издвојуваат по уникатноста?

Во Скопје, а и во Македонија има навистина многу ресторани, кај нас дружењето има висок приоритет. За повеќето ресторани може да се каже дека се солидни, но по што се издвојуваат врвните ресторани: по уникатното мени, услугата и амбиентот. Сите овие три работи ги поседуваат три ресторани во Скопје: Ботаника,

Прочитај повеќе

Алкалоид инвестирал 929 милиони денари и вработил нови 46 лица во третиот квартал

Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 929.289.935 денари, информираше компанијата. Во овој период во Алкалоид АД Скопје се реализирани 46 нови вработувања во Македонија. -Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2025 година е одобрен

Прочитај повеќе

Денеска завршува кампањата за локалните избори, од полноќ молк

Вечерва на полноќ завршува кампањата за локалните избори за вториот круг, кој ќе се одржи во недела, 2. ноември. Молкот ќе трае до недела до 19 часот. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет

Прочитај повеќе

Алкалоид со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра и извоз од 160,4 милион евра во третиот квартал

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите на Алкалод АД Скопје достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7% повеќе во споредба

Прочитај повеќе

(Фото) Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Скопје повторно го живее пулсот на модата. Со своето 31. издание, Моден викенд Скопје (FWSK) – најзначајната модна платформа во земјата, под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“ – ја отвори новата сезона со два настана што ја претвораат теоријата на одржливост во

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе

Во „Пулс“ за 13 години немало ниту една противпожарна контрола

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од страна на вештото лице Викторија Будимовска Секуловска, меѓу друго беше кажано дека во објектот во периодот од 2012 до 2025 година не била извршена ниту една инспекциска контрола од страна на инспектор за противпожарна заштита. Таа исто така

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести