Категорија: ноември 12, 2025

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информираат од компанијата. Ова тело врши проверка на исправноста на броилата по барање на

Прочитај повеќе

Европската инвестициска банка отвара преставништво во Скопје

Денеска во Владата беше потпишана Спогодба за отворање на претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Скопје. Истата ја потпишаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот. -Ова е силна потврда на довербата која оваа организација и Европската унија ја имаат

Прочитај повеќе

На платен список на „Комунална хигиена“ и затвореници, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски откри дека на списокот на оние кои земале плата, а не оделе на работа во скопски јавни претпријатија биле и лица кои се во куќен притвор или се затвореници. -Тоа се лица кои што со месеци, некои со години не оделе на работа, а

Прочитај повеќе

За судењето за трагедијата во Кочани ќе има две рочишта неделно, започнува на 19. ноември

Судењето за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица, како што е познато започнува следната недела на 19. ноември. Истото така како што е познато тоа ќе се одвива во судницата на Казнено-поправната установа Идризово. Како што информираа денеска од Основниот кривичен

Прочитај повеќе

Непозната судбината на 550 вработени во “Лукоил Македонија“

Засега не е познато што ќе се случи со „Лукоил Македонија“ и нејзините 550 вработени, откако руски „Лукоил„ поради санкциите од САД одлучи да ја продаде меѓународната единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, во чија сопственост е и „Лукоил Македонија“. „Лукоил Интернешнл ГмбХ“ требаше да ја купи меѓународниот трговец со енергија „Гунвор

Прочитај повеќе

(Фото) Во Бутел започна изградба на мега парк, еве како ќе изгледа

Денеска во скопската општина Бутел започна изградбата на мега парк на просторот долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ Истиот ќе има и плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони и ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни. Фото: Град Скопје/Општина Бутел

Прочитај повеќе

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Фото: Град Скопје

Прочитај повеќе

Критичните суровини како нов национален приоритет: Зошто рударството е клучната алка на македонската индустриска политика

Македонија е пред важна крстосница во однос на развојот на рударството. Со Предлог-закон за рударство првпат системски се воведуваат „Листа на критични минерални суровини“ и „Листа на стратешки минерални суровини“, со обврска Владата на секои три години да ги преиспитува и ажурира суровините на двете листи. Ова ја усогласува земјата

Прочитај повеќе

Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби нова, современо опремена лабораторија за скулптура во дрво, реализирана со поддршка од Rotary Club Skopje Centar и компанијата Маквелд ДОО. Новата лабораторија, која е дел од Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, претставува значаен чекор напред во

Прочитај повеќе

Задолжително поседување на зимска опрема од 15. ноември

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15. март, согласно одребите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Фото: МВР

Прочитај повеќе

Македонија ќе добие оператор за пазарот на гас

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донела соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување. Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести