Категорија: декември 5, 2025

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух, информираат од таму. Волшебното одбројување до Новата година ќе започне со продавницата на Дедо Мраз, каде најмладите ќе можат да си најдат подароци, новогодишни пакетчиња и најразлични новогодишни производи, а за оние кои сакаат да сонуваат, има и виртуелно патување до

Прочитај повеќе

Од 1 јануари се намалува надоместокот за пренос и дистрибуција на струјата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека од 1. јануари следната година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%. Надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО пак се намалува за 2,67%, а намалување има и кај цената

Прочитај повеќе

Binance доаѓа во Скопје: На 11. декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11. декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје. На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии  ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот

Прочитај повеќе

Заедно за иднината: OKTA се приклучува на мисијата за пошумување во Јасен

Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“, информираа од таму. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници,

Прочитај повеќе

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Нови 16 здруженија и асоцијации на лица со попреченост ќе добијат грантови од Стопанска банка АД – Скопје за реализација на проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ги подобруваат условите за нив во заедницата, информираат од таму. Стопанска банка ги објави добитниците на грантовите во вкупна вредност од 30.000 евра, како дел

Прочитај повеќе

Зелена иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ втора година по ред – вработените на Скопскиот аеродром засадија дрвја во Општина Илинден

Со активноста за садење дрвја во Општина Илинден, ТАВ Македонија вчера ја започна својата традиционална зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“, која има за цел да го зголеми бројот на нови дрвја во земјата и да придонесе за позелена средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми –

Прочитај повеќе

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Љубљана

Ден по чествувањето 106 години од формирањето на Универзитетот во Љубљана и 225 години од раѓањето на Франце Прешерн, на љубљанскиот Филозофски факултет, вчера беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи. Претходно, ова капитално дело беше промовирано и на Универзитетот во Загреб, откако претходно се

Прочитај повеќе

(Видео) Слаткаристика објави нов албум „Одлични (5)“, на кој има соработки со Калиопи, Пајак и Оби Трајс

Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика го објави својот нов албум „Одлични (5)“, кој содржи пет песни. На истиот има соработки со Калиопи – песната „Води ме“ со Пајак, нумерата – „Дали ќе ме сакаш“, и со американскиот рапер Оби Трајс – песната „Еминем“. Фото: Промо/Слаткаристика/Фејсбук

Прочитај повеќе

„Finance Talks by EOS“ : Иновации во финансиските услуги и дигитална трансформација на институциите

Водечки експерти од финансискиот и ИТ-секторот, ќе бидат говорници на годинешнава конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10. декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На овој престижен настан, организиран од EOS Матрих Македонија, ќе се дискутира за најактуелните трендови и предизвици што ја обликуваат иднината

Прочитај повеќе

Поради учество на Израел, на Евровизија нема да учествуваат Ирска, Шпанија, Словенија и Холандија

Поради одлуката на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), без гласање да дозволи Израел да учествува на Евровизија следната година во Виена, Австрија, на натпреварот нема да учествуваат Ирска, Шпанија, Словенија и Холандија. Шпанија е една од земјите во „Големата петка“, заедно со Франција, Германија, Италија и Велика Британија,

Прочитај повеќе

Во „Пулс“ за 13 години немало ниту една противпожарна контрола

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од страна на вештото лице Викторија Будимовска Секуловска, меѓу друго беше кажано дека во објектот во периодот од 2012 до 2025 година не била извршена ниту една инспекциска контрола од страна на инспектор за противпожарна заштита. Таа исто така

Прочитај повеќе

(Видео од целиот концерт) Хозе Карерас и македонските пејачки ѕвезди испишаа историја во Скопје

Убаво беше да си на плоштадот “Македонија“ во Скопје синоќа. За првпат во историјата на една сцена сите заедно ги видовме Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи Букле, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски, заедно со Македонската филхармонија, кои блеснаа со изведби на нивните

Прочитај повеќе

Дигитално реставрираниот „Солунските атентатори“ премиерно ќе го отвори фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“

Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“ што ќе се одржи од 10 до 15. септември во Кинотека. Филмот „Солунските атентатори“ е најновото издание на Кинотеката во рамките на нејзината програма

Прочитај повеќе

Притвор за 19-годишното момче кое учествуваше во тепачката со ножеви во Чаир, неговиот 13-годишен брат е под законската граница за кривична одговорност

Притвор од 30 дена му е одреден на 19-годишникот поврзан со инцидентот во скопски Чаир, во кој тешко беше повредено 13-годишно момче. Нема мерка за неговиот 13-годишен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност. Како што информираа од Основното јавно обвинителство, заедно со неговиот малолетен брат преземале дејствија

Прочитај повеќе

По 14 години Дарко Митревски повторно дома-со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“

Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија. На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19 до 25. септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ

Прочитај повеќе

„Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

Гевгелија повторно го отвора патот кон вкусовите на југот. Од 11 до 13 септември, градот ќе биде исполнет со ароми, вкусови, музика и традиција во рамките на четвртото издание на „Taste the South“ – препознатливиот гастрономско-музички бренд на Општина Гевгелија. Создаден со идеја да ги стави во фокус богатата гастрономска

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести