Притвор од 30 дена му е одреден на 19-годишникот поврзан со инцидентот во Чаир каде тешко беше повредено 13-годишно момче.
Тој, заедно со неговиот малолетен брат преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете.
„Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност,“ информираше Обвинителството.
За 13-годишникот кој исто така учествуваше во тепачката, не е определен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тепачката во Чаир 13-годишно дете е прободено во пределот на срцето, состојбата му е критична














