Во синоќешната тепачка помеѓу лица на возраст од 13 до 19 години, во која биле употребени и три ножеви и пендрек и други предмети, се повредени три лица, на возраст од 13, 16 и 19 години.
Детете на возраст од 13 години има убод со нож во пределот на срцето и е во многу тешка критична состојба, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тешки телесни повреди има и еден од 19 годишниците.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска се уапсени 13-годишник, кој со нож им нанел убоди на трите повредени лица, како и 19-годишник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново малолетничко насилство: Во тепачка со ножеви во Чаир повредени три лица, приведени се две
Фото: Унсплеш














