Категорија: декември 13, 2025

(Видео) Зошто се уште нема обвинение за полициските службенци, прашаа родителите на 33. Марш на ангелите во Кочани

На денешниот 33. Марш на ангелите, родителите на загинатите во трагедијата во Кочани меѓу друго го прашаа Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, зошто се уште нема обвинение за полициските службеници, осомничени за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Исто беше најавено за почетокот на декември, минатиот месец.

Прочитај повеќе

За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција, информираа од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

(Вознемирувачко видео) Двајца ученици во училиште во Сарај претепани од други шест, едниот е со тешки телесни повреди

Двајца ученици од 9. одделение вчера биле претепани од други шест ученици пред основното училиште „Дитурија“ во скопски Сарај. Едниот од нив е со тешки телесни повреди, а кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Насилството било снимено од други ученици и

Прочитај повеќе

(Фото) Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население, информираат од таму. -Отворањето помина

Прочитај повеќе

Рената Дескоска стана потпретседателка на Венецијанската Комисија, прва која доаѓа на ваква функција од Македонија и земја надвор од ЕУ

Професорката по уставно право Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија. Информацијата ја соопшти таа на својот Фејсбук профил. Таа е првата личност од Македонија која доаѓа на оваа функција, како и прва од земја надвор од Европската унија (ЕУ) и од земјите од поранешна Југославија. За нова

Прочитај повеќе

(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии

Членовите на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, од Демократската партија, објавија фотографии од доситето на ФБИ за осудениот педофил Џефри Епстин, кој наводно се самоуби додека беше во затвор. На истите се појавуваат бројни познати светски влијателни личности од политиката и бизнисот, како актуелниот претседател Доналд Трамп,

Прочитај повеќе

Катица Јанева излезе од затвор

Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, осудена за случајот „Рекет“, излезе од затвор. Таа како што објави порталот Сакам да кажам, добила уловен отпуст и треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека не ѝ истече целосно 7-годишната казна. Од затворот Идризово, во кој беше од 2021 година,

Прочитај повеќе

Од денеска мазутот со пониска цена

Од денеска цената на Мазутот М-1 НС е намалена за 1,089 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на мазутот сега е 32,883 денари за килограм. Цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) останува иста и тој понатаму ќе

Прочитај повеќе

(Видео) Легендарниот воз “Шпанец” се враќа на пругите, еве како изгледа сега

Легендарниот воз “Шпанец“, кој со години не вози, се враќа на пругите целосно обновен и модернизиран. Има нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор. Информацијата на Фејсбук ја сподели директорот за влеча и одржување на возните средства и член на Управен одбор на Македонски железници-транспорт, Игор Коруноски, кој

Прочитај повеќе

Владо Јаневски ќе пее на дочекот на Нова Година во Гевгелија

Главната ѕвезда за организираниот дочек на Нова Година во Гевгелија ќе биде Владо Јаневски, кој ќе настапи заедно со неговиот бенд, информираа од Општината. Новогодишна забава на Градскиот плоштад, на 31. декември 2025 година, ќе започне 20:30 часот, а освен Јаневски дел од музичката програма ќе бидат и „Ситуација бенд“

Прочитај повеќе

Македонија ќе добие оператор за пазарот на гас

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донела соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување. Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести