21. „Марш на ангелите“:Роднините на загинатите во пожарот во Кочани, побараа разумен рок за оцена на обвинителниот акт и одговори до каде е постапката

Вчера во Кочани се одржа 21. „Марш на ангелите“, а семејствата и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката уште еднаш побараа правда.

Розета Џамова, во изјава за медиумите рече дека имаат информација дека се уште не е оценет обвинителниот акт.

„Како што сме упатени, оваа фаза може да трае и повеќе месеци, но одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од наша страна – оштетените или јавноста. Оценка на обвинителен акт нема строг рок, но должност е да одлучите во разумен рок, а поминаа скоро три месеци. Единствено се чека од вас. Ве молиме да ни оставите информации: до каде е постапката за оценка, дали постои одредени рок според кој Советот е должен да донесе одлука, доколку не, ве молиме да ни кажете кога приближно може да се очекува завршување на оваа постапка,“ рече Џамова.

Во рамките на истрагата, има ново обвинение за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, Александар Нацев кој се товари за „тешки дела против општата сигурност“, а агенцијата остана без лиценца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести