Последниве години се поголем број македонски граѓани купуваат недвижнини во соседна Грција.
Овој тренд го потврдуваат и податоците на Банката на Грција, чија статистика покажува дека македонски граѓани и компании во периодот од 2019 до 2024 година вложиле над 50 милиони евра во недвижнини во Грција, анализира mk.bloombergadria.com.
Лани биле вложени, најмногу – 19 милиони, а во 2019 и 2020 година, најмалку – 2 милиони евра.
Македонските граѓани најмногу се заинтересирани за недвижности на Халкидики и Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде Македонците купуваат имот во Грција и како се движат цените