8,8 милијарди евра треба да врати Македонија во следните 5 години

Почнувајќи од годинава, Македонија во следните пет години треба да врати околу 8,8 милијарди евра.

Станува збор за долгови од претходни задолжувања кои доспеваат во тој период.

Информацијата денеска ја соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

За оваа година долгот кој треба да се врати е 1.563.000.000 евра, плус обврзниците на домашните пазар што доспеваат и се со рочност од една година.

Следната година долгот кој треба да се врати е 1.579.000.000 евра, плус повторно износот на државни хартии од вредност кој доспева во една година.

Во 2028 година државата треба да врати 1.971.000.000 евра.

Во 2029 година долгот за враќање е 1.304.000.000 евра, во 2030 година – 1.414.000.000 евра.

Македонија вчера се задолжи за 1 милијарда евра преку издавање на 10. еврообврзница, а 700 милиони евра од овие пари се за враќање на долгот за еврообрзницата издадена во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се задолжи милијарда евра преку 10. еврообврзница

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести