Македонскиот јазик и идентитет најверојатно нема да бидат споменати никаде во Извештајот за Македонија на Европскиот парламент (ЕП), за кој треба да се гласа на 7. јули.
Бугарските медиуми објави дека трите најголеми групи во Европскиот парламент – ЕПП (од која дел е владејачката ВМРО-ДПМНЕ), Социјалисти и социјалдемократи (од која дел е опозициската СДСМ) и Обнови ја Европа, кои дадоа подршка за амандманот пред македонскиот идентитет и јазик во Извештајот да стои „модерен„ (сегашен/современ), се усогласиле целосно да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“
Како што е познато македонскиот идентитет и јазик без додавки претходно во Извештајот беа споменати на неколку места.
Дополнително, според новите амандмани како што објави „Независен“, известувачот за Македонија на ЕП, австрискиот европратеник Томас Вајц значајно ретерирал во најновата верзија на Извештајот, па во истиот не само што ќе нема признавање и почитување на „македонскиот јазик и идентитет“, туку може да се изгласа и политичко оградување.
Со два амандмани Вајц предлага да се додаде во уводниот дел од извештајот ставот:
„Со оглед на тоа што прашањата за јазикот, идентитетот и културата се по природа чувствителни, особено во контексти што вклучуваат сложени историски наративи и нови независни држави“, како и ставот дека ЕП „го признава постоењето на различни толкувања во врска со потеклото на македонскиот јазик и идентитетот; нагласува дека неговиот извештај нема за цел да прејудицира или да го ограничи научниот дискурс за овие прашања, ниту пак таквите толкувања имаат влијание врз оценката на Парламентот за напредокот на Северна Македонија кон пристапувањето кон ЕУ, која останува заснована на критериумите од Копенхаген и принципите на добрососедски односи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На талибански начин се брише македонскиот идентитет од Извештајот на ЕП за Македонија, вели Мицкоски
„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик
Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент
Фото: Игор Бансколиев