Вештачката интелигенција не го заменува човекот, туку го зајакнува, вели Тенг извршниот директор на Binance

Осум години по своето основање, Binance останува глобален лидер во светот на криптовалутите – со речиси 280 милиони корисници и присуство во над 100 земји. Со стабилен раст и константна адаптација на нови технологии, платформата го одбележа овој јубилеј преку директна AMA (Ask Me Anything) сесија со извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, каде што беа истакнати најважните достигнувања, но и планови за иднината.

„Сè што правиме, го правиме за нашата заедница. Таа доверба не ја земаме здраво за готово. Заедницата е срцето на Binance,“, изјави Тенг.

Транспарентност и безбедност како приоритет

Тенг вели дека во време на голема нестабилност и пад на довербата во крипто-светот, Binance останала доследна на транспарентноста, секој месец објавувајќи докази за резерви со користење на напредна zk-SNARK технологија, овозможувајќи секој корисник самостојно да ги верификува средствата на платформата.

„Ние не само што зборуваме за доверба, ние ја градиме. Нашата Proof-of-Reserves иницијатива е пример за тоа што значи вистинска транспарентност“, истакна Тенг.

Во 2024 година, Binance го редизајнираше својот Pro режим за тргување, овозможувајќи персонализирано корисничко искуство, поддржано од вештачка интелигенција. Целта е јасна – поедноставување на тргувањето и подобрување на пристапноста за сите профили на корисници.

„Сакаме Binance да биде интуитивен и корисен за секого – од почетници до институционални инвеститори,“ вели Тенг.

Дополнително, растот на Binance не застанува само кај индивидуалните корисници. Во минатата година, бројот на институционални клиенти пораснал за речиси 100%, со силна побарувачка за решенија како fund accounts и Binance Wealth, наменети за професионално управување со крипто средства.

„Институционалниот интерес е поголем од кога било досега – и ние сме подготвени да го поддржиме“, изјави Тенг.

Со создавањето на Secure Asset Fund вреден 1 милијарда долари, Binance испрати силна порака – безбедноста на средствата не е дискутабилна. Платформата воведе и деветстепена анти-scam одбрана, како и интензивна соработка со надлежните институции ширум светот.

„Сакаме нашите корисници да чувствуваат дека Binance е нивниот безбеден простор,“ вели Тенг и додава: „Но сакаме и да ги едуцираме, за и самите бидат отпорни на измами.“

Поглед кон иднината

Зборувајќи за иднината, Тенг потенцираше дека вештачката интелигенција ќе игра клучна улога во поддршката на трговците, како и во внатрешната оператива, но човекот ќе остане во центарот на одлучувањето.

„Вештачката интелигенција е моќен сојузник, но не и замена за човечката проценка. Ние ја користиме технологијата за да го зајакнеме корисникот, не да го замениме“, вели Тенг.

Во својата завршна порака, тој упати благодарност до сите кои ја поддржуваат Binance во изминатите осум години:

„Ова патување не е наше, туку заедничко. Благодарност до секој од речиси 280 милиони корисници – вашата поддршка ни е двигател за секој следен чекор“.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести