Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија успешно тестирала уште едно нуклеарно оружје, „Посејдон 2M39“, или како што го нарекуваат воените експерти – „оружјето на судниот ден“.
Се работи за подводен дрон на нуклеарен погон, способен да носи атомска боева глава од два мегатони.
Оваа боева глава може да се детонира повеќе од илјада метри под површината на морето, со цел да се создаде цунами кое би ги контаминирало сите околни крајбрежни области со радиоактивни честички, правејќи ги непогодни за живеење.
Патува со брзина од 200 километри под површината на морето и може да нурне до длабочина до еден километар, а може да изведува тридимензионални вртења во водата, што дополнително помага во избегнување какви било обиди за негово пресретнување.
Неодамна Русија соопшти дека успешно ја тестирала и „Буревестник“, крстосувачка ракета на нуклеарен погон со неограничен дострел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И САД ќе тестира нуклеарано оружје
Фото/видео: AutoCar TV Russia/Times Of India














