Новиот датум за масовното пошумување кое го организира dm e 30 ноември

Компанијата dm drogerie markt ги известува сите пријавени лица дека одржувањето на четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – најмасовната акција за пошумување досега, наместо на 23. ноември се одложува за 30. ноември 2025.

Следејќи ги временските услови, сѐ со цел спроведување на безбедна и успешна акција, компанијата е во постојан тек со сите актуелни информации поврзани со условите на теренот за садење. Поради тоа, со особено внимание информира дека датумот за спроведувањето на акцијата може да претрпи и дополнителни промени.

Целта на акцијата за пошумување останува иста –  ќе се засадат дури 50.000 нови стебла, а вкупниот број од почетокот на проектот ќе достигне импресивни 150.000 засадени дрвја. Со оваа акција, се направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите.

Важно: локацијата на акцијата за пошумувањето останува непроменета c.Калапетровци во околината на Штип. Детална агенда за настанот ќе добијат сите пријавени учесници на нивните e-mail адреси неколку дена пред садењето. 

За сите дополнителни информации и новости активно следете ја веб-страницата на dm drogerie markt и официјалните профили на социјалните мрежи.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести