Во Лондон, на настанот „Gо Global Awards 2025“, Советот за меѓународна трговија – (ITC) ја додели престижната награда „Gо Global 2025 за вонредни достигнувања во делот на услугите во финансискиот осигурителен сектор, на македонското осигурително брокерско друштво ОБД „Еуромак брокер“ АД Скопје.
Ова е прва „Gо Global“ награда доделена на деловен субјект од македонската осигурителна индустрија.
Свеченоста, којашто ја отвори домаќинот Висконт Лорд Џон Дезмонд Веверли (John Desmond Waverley), се одржа на 18. ноември 2025 година, во Конгресниот центар „One Great George Street“, Вестминистер, Лондон, пред 300 претставници на членки на ИТЦ и влијателни лица од политичкиот и деловниот сектор, меѓу кои и 20-тина добитници на наградата во различни стопански дејности од Европа и светот.
„Еуромак Брокер АД го отелотворува духот на иновации и истрајност што наградите „Go Global“ имаат за цел да ги издвојат и прослават. Нивната посветеност на оптимизирање на моделите за осигурување и поддршка на странските инвестиции во Северна Македонија поставува висок стандард во индустријата“, рече Ранџани Ранган, директор на Меѓународниот трговски совет. „Возбудени сме да видиме како Еуромак Брокер продолжува да влијае на глобалниот осигурителен пејзаж“.
„Добивањето на ова признание претставува исклучителен момент за нашето друштво и за осигурителната индустрија во целина. Тоа е потврда за нашиот придонес во трансформацијата на осигурителниот пазар и во создавањето стабилен, одговорен и урамнотежен финансиски систем кој обезбедува сигурност за правните и за физичките лица.” изјави Драган Лазарески, извршен директор на друштвото „Еуромак Брокер“, додавајќи: “Горди сме што глобалниот пазар ги препозна нашите вредности. Чувството дека сте придонеле позитивните промени да се случат и да продолжат со посилен интензитет претставува вистинска потврда за нашата посветеност кон напредокот во сопствената и во пошироката деловна заедница“.
Со наградата „Go Global“, Советот за меѓународна трговија како глобална организација за поддршка на малите и средни бизниси со над 3500 членки ја препознава и вреднува извонредноста во глобалната трговија, иновациите, стабилизирањето и проширувањето на пазарот. Улогата на наградата е да се истакнат компаниите коишто имаат значително влијание во меѓународната трговија.













