На седница на Владата помина ребалансот на Буџетот.
Со истиот расходите се зголемуваат за околу 179 милиони евра.
Од оваа сума 100 милиони евра ќе бидат за капитални инвестиции, а пари ќе се трошат и за земјоделски субвенции, поддршка на железничкиот сообраќај, спортот, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани…
Најмногу пари ќе добијат Министерството за животна средина и просторно планирање – 2,3 милијарди денари и Министерството за транспорт – 1,4 милијарди денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расходите зголемени за 179 милиони евра: Ребалансот на Буџетот помина на Влада














