Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје едногласно на 2. декември ја одбил жалбата на Љупчо Пецов-Ѓаволот од Неготино за случајот „Синџир“, во која барал укинување на затворскиот притвор со гаранција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот
Токму за оваа барање осомничениот поранешен државен правобранител Фехми Стафа, кој е негов адвокат, од неговата сестра зел поткуп од 50.000 евра, за да влијае на одлуката на Судот.
Од Апелација исто така информираат дека во сила останува мерката притвор за Пецов, кој не е достапен за органите на прогонот.
-Понудената гаранција во услови кога мерката притвор е определена и опстојува и по основот од точка 2 од член 165 став 1- „постои основан страв дека ќе ги сокрие фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците вештаците соучесниците или прикривачите“, не е дозволена и како таква законски не била предмет на разгледување и одлучување од страна на советот на овој суд, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра













