Македонските професионалци добиваат нова технолошка алатка!
Dell Pro 14 и Dell Pro 16 – лаптопи со вградена вештачка интелигенција, долготрајна батерија и дизајн што остава впечаток – сега достапни преку АИТОНИКС АД, авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија.
„Со Dell Pro 14 и 16 воведуваме нова ера на паметна продуктивност — уреди што не само што работат брзо, туку и размислуваат заедно со корисникот. На професионалците им нудиме алатки кои се адаптираат на нивниот стил на работа и ги следат чекор по чекор,“ изјави Саша Ристеска, продукт менаџер во AITONIX.
Лаптоп што размислува со тебе? Апсолутно.
Новата Dell Pro генерација не е „само“ хардвер. Благодарение на вграден AI, овие уреди учат од начинот на работа и автоматски се прилагодуваат — подобруваат перформанси, штедат батерија и ја прават секојдневната рутина побрза и поефикасна.
Со до 20.8 часа траење на батеријата, 19% побрзо извршување на задачи, и AI-подобрени видео повици, добивате лаптоп којшто буквално ве поддржува додека работите, патувате или креирате.
Дизајн што импресионира и трае
Dell Pro 14 и 16 изгледаат моќно — и се такви. Изработени во два модерни финиши (елегантно сребро или софистициран магнетит), со екран 16:10 што нуди повеќе простор, во помал формат, и модуларен USB-C порт отпорен на користење, овие лаптопи се создадени за оние што се секогаш во движење.
А со HDR камера и автоматско кадрирање, вашите видеоповици ќе изгледаат професионално — дури и кога сте во пижами.
Одржливо и паметно — за иднината
Dell сериозно ја сфаќа одржливоста. Новите Pro лаптопи се произведени со до 94% рециклирани материјали, батериите користат до 80% помалку кобалт, а дизајнот овозможува лесно сервисирање и помал електронски отпад.
Дополнително, секој уред е тестиран според воени стандарди за издржливост, што значи дека Dell Pro 14 и 16 се подготвени за сè што ќе им зададете. — и буквално и фигуративно.
АИТОНИКС АД е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја градат својата дигитална иднина и да го трансформираат начинот на кој работат, живеат и играат.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во AITONIX на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].
ПР-објава