„Ал Џазира Балканс“ денеска ги емитуваше последните вести од студиото во Сараево

По 14 години присуство во регионот, денеска Al Jazeera Balkans ги емитуваше последните вести од студиото во Сараево.

Двете новинарки, дописнички на „Ал Џазира Балканс“ од Скопје, Маја Блажевска Евросимоска и Милка Смилевска се заблагодарија за можноста да се работи за оваа телевизија и долгогодишното искуство.

„Благодарам Ал Џазира Балканс за исполнетите 14 години. Од дескот во Сараево, до враќањето на терен во Скопје и можноста да ги направам сите стории, да известувам од најважните самити, изборите во регионот, да ги интервјуирам луѓето кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највиски стандарди и со беспрекорни професионалци,“ напиша Блажевска Евросимоска на социјалните мрежи.

Смилевска вели дека имала огромна привилегија 14 години да работи со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена.

„Чувствувам голема благодарност и среќна сум за секој ден искуство и работа.На сите што не гледавте, ви благодарам за довербата. Се трудевме најдобро што знаеме,“ пишува Смилевска.

Освен во Скопје, се затвораат и дописништвата на катарската телевизија во Белград, Загреб, Подгорица, Љубљана, Приштина како и во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ал Џезира Балканс“ се гаси, се затвора и канцеларијата во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести