Македонската Стопанска банка АД Битола доби нов сопственик – српската Алта банка АД Белград.
Правниот застапник на српската Банка адвокатот Александар Кралевски потврди дека понудата за преземање на Стопанска банка Битола е успешна. Истата ја прифатиле 262 акционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продадени се вкупно 344.420 акции, кои претставуваат 88,09% од вкупниот број.
Како што веќе пишуваше еМагазин, Алта банка нудеше 3.777 денари за акција, а понудата ќе се сметаше за успешна ако се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03% од вкупниот број.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола