Алта Банка до акционеритe на Стопанска Банка Битола: Јавната понуда за запишување акции завршува на 10. октомври

Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година.

-Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција.

Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, информираат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Стопанска банка Битола, која сака да ја купи Алта банка, лани и годинава

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести