Откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност, српската Алта банка АД Белград и официјално преку македонската Комерцијална банка АД Скопје ја достави понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската Алта банка доби дозвола од КХВ да даде понуда за купување на Стопанска банка Битола
Во понудата стои дека Алта банка сака да преземе 371.528 акции на Стопанска банка Битола.
Српската банка заедно со поврзани лица веќе поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.
Алта банка нуди 3.777 денари за акција и веќе уплатила 1,4 милијарда денари (22,8 милиони евра) на сметка во Централниот депозитар за хартии од вредност, како што предвидува регулативата.
Понудата ќе трае до 10. октомври, а ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.
Во тој случај заедно со акциите кои веќе ги поседува, српската банка би поседувале 75 проценти плус една акција од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола.
Од Алта банка висината на откупната цена на акциите ја одредиле врз основ на највисоката цена што банката и поврзаните лица ја платиле за акциите што веќе ги купиле од Стопанска банка Битола во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.
Понудената цена од 3.777 денари за акција е повисока од просечната цена на обичните акции издадени од Стопанска банка Битола постигната на Македонската берза во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.
Оваа е втор обид за преземање на Стопанска банка Битола. Лани понудата на Комерцијална банка Скопје беше неуспешна, бидејќи не сите акционери на Стопанска банка Битола сакаа да ги продадат своите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола
Стопанска банка Битола добила известување од Алта Банка за намерата за преземање














