Понудата за преземање на Стопанска банка Битола од српската „Алта Груп“ стигна до КЗК

Понудата за преземање на Стопанска Банка АД Битола од страна на српската Алта Груп ДОО Београд стигна во Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), информираа од таму.

Како што веќе објави еМагазин, Алта Груп сака да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола, по цена од 3.777 денари по акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта Гроуп од Белград сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Од КЗК меѓудругото велат дека за потребите на оценка на предметната концентрација, подносителот на известувањето предлага релевантниот пазар на производи да се дефинира како пазар на пружање на банкарски услуги, а релевантниот географски пазар да се дефинира како територијата на Македонија.

„Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана“, велат КЗК и ги повикуваат заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата.

Лани пак Стопанска банка Битола сакаше да ја преземе Комерцијална банка АД Скопје, која нудеше 3.200 денари по акција, но понудата беше неуспешна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Алта Гроуп која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Берзата ја стави Стопанска Банка Битола на Листата за набљудување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести