Краткиот анимиран филм „Долго доаѓање на огнот“ во режија на Жарко Иванов е селектиран во официјалната конкуренција на еден од најголемите фестивали за анимиран филм во светот, во Отава – Канада (Ottawa International Animation Festival).
Инспириран од истоимената песна на Ацо Шопов, филмот ќе ја има својата американска премиера во ненаративната селекција на фестивалот.
Филмот е работен во експериментална аниматорска техника со користење на скенови од компјутерска томографија и магнетна резонанца До сега филмот е прикажуван во селекција на фестивали во Билбао, Лисабон, Белград, Љубљана, а следните проекции се на фестивалот во Отава, а потоа Москва и Киев.