Која е Анита Топалов Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

На местото на сега веќе поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка, од страна на Советот на јавни обвинители, е избрана републичката јавна обвинителка Анита Топалов Исајловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анита Топалов Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

Таа ќе биде вршител на должност, додека на јавен повик не се избере нов државен јавен обвинител.

Нов државен јавен обвинител треба да се избере за период не повеќе од половина година.

Која е Топалов Исајловска

Обвинителка стана во 2009 година.

Во 2013 година стана обвинител во Вишото обвинителство.

По три години стана републичка јавна обвинителка и заменик на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

Беше заменичка и на државните јавни обвинители Љубомир Јовевски и Коцевски.

Случај „Талир„

На јавноста и стана позната по нејзиното Барање за заштита на законитоста, кое го поднесе до Врховниот суд, за укинување на решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Станува збор за случајот кој се однесува за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а еден од обвинетите во истиот е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија.

Таа пред Судот спореше дека СЈО е овластен тужител, бидејќи обвинението за „Талир“ било поднесено во ноември 2018 година, а рокот за поднесување обвиненија од 18 месеци, истекол на 30. јуни 2017 година.

Врховниот суд го отфрли Барањето, а судењето е во тек.

Приватно

Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешниот заменик-министерот за надворешни работи, Илија Исајловски, кој беше и амбасадор на Македонија во Русија.

И на двете функции беше во време кога премиер беше Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести