Од Неметали Огражден АД Струмица преку Македонската берза информираа дека Аристид Маџунков повеќе не поседува акции во Друштвото.
Тој поседуваше 11.77% од вкупниот број на акции или 4.732 обични акции со право на глас.
Како што информираат од таму, со значителен удел се стекнале Марко Маџунков од 3,67% на 8.38% сопственост, односно од 1.457 на 3.372 обични акции со право на глас, и Никола Маџунков од 1.38% на 8.38% сопственост, односно од 555 на 2.817 обични акции со право на глас.
Согласно информацијата станува збор за подарок или наследство на акциите.