Артан Груби се крие во Приштина?

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ, кој е во бегство од декември 2024 година е во Приштина, Косово, објави тамошната новинска агенција „Косова прес“.

Според агенцијата тој се преселил во област недалеку од центарот на Приштина, а бил виден во придружба на две деца. Според медиумот пуштил и брада.

Груби, кој е на т.н. црна листа на САД, се бара за злоупотреби во Државна лотарија.

За него досега се шпекулираше дека е избеган во Албанија.

За злоупотреби во државната компанија се уште се бара и поранешниот директор, Перпарим Бајрами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Артан Груби се крие во Албанија?

Имаме индиции дека избеганиот Артан Груби е во регионот, вели Мицкоски

Мајката на Артан Груби го брани, го гонеле како во комунизмот

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести