(Фото) Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

Во просториите на ЕВН Македонија вчера се одржала работна посета на австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, информираа од таму.

Во делегацијата присуствувале и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава, со претставници од амбасадата.

-За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со достигнувањата на ЕВН Македонија во изминатите години, со посебен акцент на инвестициите, развојот и современите дигитални решенија. Во рамки на турата низ компанијата, посебен интерес предизвика посетата на диспечерскиот центар – централната точка за дигитално управување со дистрибутивната мрежа на национално ниво, посочуваат од таму.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, во својот поздравен говор истакнал дека законите и регулативите што се креираат во новоформираното Министерство за енергетика се навистина напредни и во целост усогласени со европскиот пазар, што ја позиционира Македонија на Европската енергетска мапа и покрај тоа што не е членка на ЕУ.

Божиновска, нагласила дека ЕВН Македонија може да послужи како пример за тоа како една странска компанија треба да соработува со државните институции, инвестирајќи не само во својата дејност, туку и во општеството.

Плаколм, изразила задоволство од посетата и истакна дека е позитивно изненадена од синергијата меѓу приватниот и јавниот сектор, како и од начинот на кој институциите во земјата создаваат услови за поддршка и просперитет на компаниите, посочувајќи ја соработката меѓу Министерството за енергетика и ЕВН како позитивен пример.

Во рамки на посетата била истакната и долгогодишната соработка меѓу Австрија и Македонија во областа на енергетиката, која претставува пример за успешна размена на знаење, искуства и добри практики.

ЕВН Македонија, како дел од австриската EVN групација, останува посветена на инвестирање во модернизација, дигитализација и одржлив развој, со јасна цел – сигурна, ефикасна и зелена енергетска иднина за сите корисници, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести