Бруто-домашниот производ (БДП) порасна за 3.8% во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во третото тримесечје поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21% и Ѕ – Информации и комуникации од 7.4%.
Според ДЗС, во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1% во третото тримесечје од 2024 година на 31.1% во третото тримесечје од 2025 година.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2%.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6%.
Фото: Унсплеш














