Битката за Warner Bros се вжештува: Paramount даде контрапонуда, нуди повеќе од Netflix

Битката за купување на Warner Bros. Discovery, вклучувајќи ја и платформата HBO Max, се вжештува.

Откако Netflix соопшти дека склучил договор за купување на Warner Bros. Discovery за 72 милијарди долари, нудејќи 28 долари за акција, компанијата Paramount даде контрапонуда од 30 долари за акција во готово или околу 108,4 милијарди долари.

Претходно регулаторните тела веќе почнаа да го разгледуваат договорот на Warner Bros. Discovery и Netflix, а за истиот се заинтерсира и американскиот претседател Доналд Трамп.

Останува да се види што ќе се случи после новата, повисока понуда на Paramount.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Netflix ги купува Warner Bros и HBO Max за 72 милијарди долари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести