По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.
Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13. декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито.

Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста: 23 години на сцената, вечер исполнета со љубов, спомени и нови почетоци, емотивен репертоар кој ги спојува минатото и сегашноста.
„Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции“, вели Бојана.
Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com, по цени од 800 и 1.000 денари во зависност од местоположбата.
Не заборавајте – 13. декември, Филхармонија. Обезбедете си место за оваа незаборавна вечер исполнета со музика која е бесмртна!
Промотивна објава