Владата на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој се зголемуваат буџетските приходи, кои ќе изнесуваат 362,4 милијарди денари, но и расходите кои ќе достигнат 403,7 милијарди денари, односно за по околу 3,5 милијарди денари повеќе.
Со ребалансот се предвидува за 56,9 милиони евра да се зголемат трошењата.
Буџетскиот дефицит останува на исто ниво, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од бруто-домашниот производ (БДП).
Капиталните расходи се планирани во износ од 47,5 милијарди денари.
Обезбедни се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци.
Продолжува и финансиската поддршка и соработка на Владата со општините за кои претходно со донесената прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари.
Исто така, Владата ја задржа прогнозата за економски раст годинава од 3,7 отсто, како и инфлација од 2,8 проценти.
Фото: Unsplash