Бугарското министерство за надворешни работи, ја оцени изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека е некомпатибилна со „елементарните норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог, како и со принципите на добрососедство“.
На изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој го нарече „северномакедонски премиер“, Мицкоски одговори дека е „момче пратено да му го привлече вниманието“ и додаде дека тоа е исто како „кога глушецот го задева лавот“.
„МНР на Бугарија категорично го осудува неприфатливиот и навредлив јазик што го употреби Христијан Мицкоски во обраќањето до министерот за надворешни работи на Бугарија.
Повторната употреба на вулгарни придавки кон претставниците на бугарската држава не само што ја поткопува веќе кревката доверба меѓу нашите две земји, туку ја доведува во прашање и автентичната посветеност на политичкото раководство во Република Северна Македонија кон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и кон декларираната желба за пристапување во ЕУ – процес што бара меѓусебно почитување, одговорност и политичка зрелост,“ се наведува во реакцијата на бугарското МНР.
Оттаму додаваат дека Бугарија нема да толерира говор на омраза, лични напади и намерно поткопување на односите меѓу земјите, бидејќи, како што велат, ваквите изјави од македонска страна создаваат клима на непријателство и не ја демонстрираат политичката волја за враќање кон нормален и конструктивен разговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Веб-страница МНР на Бугарија