Категорија: Топ стории

Километар е 22 денари: Од денеска можете да изнајмите електричен автомобил

Од денеска, во Скопје, граѓаните ќе можаат да изнајмуваат електричен автомобил. На стартот на овој проект на приватна фирма ќе можат да се изнајмуваат 100 електрични автомобили, а принципот на изнајмување е ист како и изнајмувањето на електричните тротинети. Треба да ја симнете мобилната апликација avant2Go.mk, преку која ќe можете

Прочитај повеќе

Скопјанец починал на преглед во поликлиниката во Аеродром

За време на преглед во поликлиниката во скопски Аеродром вчера починал маж на 61-годишна возраст. Се работи за лицето Љ.М., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје, тој изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Прочитај повеќе

Разрешен судијата Енвер Беџети, кој од лани е на „црната листа“ на САД

Од страна на Судскиот совет со девет гласа „за„ е разрешен апелациониот судија Енвер Беџети, кој лани во декември заедно со поранешниот прв вицепремиер, бегалецот Артан Груби, беше ставен на т.н. црна листа на американскиот Стејт департмент. На листата заврши поради учество во “значителна корупција“, како што информираа од Стејт

Прочитај повеќе

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј

Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј, информираат од таму. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50 милиони евра, со што

Прочитај повеќе

Кедев го искачи Kanchenjunga, неговиот 13 врв на над 8.000 метри надморска височина

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 врва кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите. Кедев беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal,

Прочитај повеќе

Преку уметност, 80 средношколци од цела држава собраа средства за настраданите во Кочани

„Уметноста има став“, изминатиов викенд во Струга собра 80 средношколци од целата држава кои преку музика, литература, политика, илустрација и графити го изразија својот став на различни општествени теми. Настанот беше во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, a во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“. 

Прочитај повеќе

Мухамет Али е нов директор на Центарот за управување со кризи

Мухамет Али е нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) откако досегашниот Стојанче Ангелов е назначен за в.д, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). „Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција во

Прочитај повеќе

Стојанче Ангелов стана директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов е поставен за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тој информираше дека одлуката е донесена по претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски. „Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. Покрај недостатокот на

Прочитај повеќе

„Со лутење кон луѓето и кон Бога, не се хендла траума“: Во Сараево се одржа прва конференција посветена на балансот во животот

Известувач од Сараево за еМагазин.мк, Силвана Жежова Прва конференција посветена на балансот во животот се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина на 22 мај. Врвни светски, регионални и домашни предавачи говореа како да се остане здрав и балансиран  во едено брзо време на живеење, кога приватните и професионалните обврски му

Прочитај повеќе

10. најголеми аптеки лани заработиле 193 милиони евра: Анализа на „Пари“

Десетте најголеми аптеки лани заработиле околу 193 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари, во која се користени податоци од БизнисМрежа. Според анализата дел од компаниите бележат раст од над 40% на приходите, а добивките кај некои од нив, споредено со претходната година, се повеќекратно зголемени. На врвот е Зегин Фарм, компанија која

Прочитај повеќе

Која е уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка

Јадранка Дабовиќ Анастасовска, судијка во Уставниот суд си поднесе оставка. Неофицијално истата ја поднела поради лични причини. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка Уставниот суд има девет судии, а по нејзината оставка останува само со седум. Претходно беше разрешена Елизабета Дуковска, а македонското Собрание, кое ги избира

Прочитај повеќе

Целото раководство на СДСМ поднесе оставка, по предлог на Филипче

Целото раководство на СДСМ колективно поднесе оставка, по предлог на претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што информираа од партијата на денешната седница на Извршниот одбор, од функциите се повлекле заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови. Во соопштението се наведува дека, оставките се доставени до Централниот

Прочитај повеќе

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Судијката од Уставниот суд, Јадранка Дабовиќ Анастасовска си поднела оставка, објави порталот Сакам да кажам. За одлуката било известено и македонското Собрание, а неофицијално оставката ја поднела поради лични причини од здравствен аспект и ќе се вратела на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Уставниот суд сега

Прочитај повеќе

Братот на газдата на „Пулс“ само продавал карти, кажа неговата одбрана, сопственикот на објектот не знаел дека Деко ќе го преадаптира во дискотека

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственикот на објектот во кој работеше т.н. дискотека, кажа дека тој незнаел дека газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, истиот ќе го преадаптира во кабаре/дискотека. Според неговата адвокатка Лидија Ристовска, Милковски не учествувал во градежните активности и не дал

Прочитај повеќе

Синот на газдата на „Пулс“ сакал да се самоубие, во пожарот ја изгубил девојката и пријател, кажа неговата одбрана

Одбраната на третобвинетиот за трагедијата во Кочани, Михаил Јованов, кој е син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, газда на т.н. дискотека „Пулс“, на денешното рочиште меѓудругото посочи дека тој бил обвинет само заради тоа што е син на Јованов. Според неговата адвокатка Ивана Коцевска, тој имал своја фирма „Карго

Прочитај повеќе

Илија Панов осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана Серенакова

Илија Панов (43) од Кавадарци од страна на Основниот суд Кавадарци е осуден на 16 години затвор за убиство со умисла на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), исто така од Кавадарци, во јануари годинава. Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата, за која има право на жалба пред

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести