Категорија: Топ стории

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во ноември

Акцијата на Раде Кончар има најголем раст, а акцијата на Фустеларко Борец има најголем пад во ноември, покажува билтенот на Македонската берза за овој период. Еве кои се другите акции со најголем раст и пад во ноември: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Макпетрол и Алкалоид,

Прочитај повеќе

(Видео) На Шара снимена мајка рис со младенче

Од Националниот парк (НП) Шар Планина денеска на Фејсбук информираа дека на една од трап-камерите на територијата на Општина Боговиње се снимени мајка рис со младенче. Од таму велат дека и двете се во одлична здравствена состојба, а со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1

Прочитај повеќе

Прекршочна постапка за градоначалникот на Струга и Општината оти го изоставиле македонското знаме

За градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира и Општина Струга ќе има прекршочна постапка, бидејќи на Денот на aлбанското знаме, не го истакнале и државното знаме, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) -ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65)

Прочитај повеќе

Netflix ги купува Warner Bros и HBO Max за 72 милијарди долари

Американската компанија Netflix денеска соопшти дека постигнала договор за купување на филмскиот и стриминг сервис на Warner Bros. Discovery, вклучувајќи ја и платформата HBO Max, за 72 милијарди долари. Аквизицијата треба да добие одобрување од регулаторните тела во САД, Европската унија и други земји. Netflix, понуди 28 долари за акција,

Прочитај повеќе

СДСМ ќе „пука“ „бомби 2.0“

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави објавување на „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта. Рече дека „бомбите“ веќе биле подготвени, а за истите во партијата имале докази и документи. Партијата исто така ќе формирала нов антикорупциски тим во рамките на програма наречена „Нова сила“, кој

Прочитај повеќе

19-годишно момче пронајдено починато во неговиот дом во скопско Огњанци

Момче на возраст од 19 години вчера е пронаједно починато во неговиот дом во скопското село Огњанци. Станува збор за лицето Р.О., а според Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција.

Прочитај повеќе

Извозот од јануари до октомври пораснал за 2.26%, а увозот за 4.16%

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 413.102 милиони денари и бележи пораст од 2.26% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак за истиот период изнесува 589.092.3 милиони денари,

Прочитај повеќе

„Филип Морис“ го носи ZYN во Формула 1 – глобалниот лидер на болидите на „Ферари“

„Филип Морис Интернејшнл“ (PMI) објави ново поглавје во својата соработка со „Скудерија Ферари ХП“ (Scuderia Ferrari HP) и „Ферари челинџ трофео Пирели“ (Ferrari Challenge Trofeo Pirelli), престижен шампионат во мотоспортот кој постои од 1993 година, информираа од таму. Проширувањето на партнерството носи важна новина – од сезоната 2026, водечкиот светски

Прочитај повеќе

Продолжува трендот на раст на цените на угостителските услуги

Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември 2025 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги во ноември годинава во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 4.1%. Цените на угостителските услуги во периодот јануари –

Прочитај повеќе

БДП со раст од 3.8% во третото тримесечје

Бруто-домашниот производ (БДП) порасна за 3.8% во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Во третото тримесечје поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21% и Ѕ – Информации и комуникации од 7.4%. Според ДЗС, во

Прочитај повеќе

Дмитриј Зиков е нов руски амбасадор во Македонија

Нов амбасдор на Русија во Македонија е Дмитриј Зиков. Со указ на рускиот претседател Владимир Путин тој е именуван за нов извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава. Пред извесно време од страна на Путин од оваа позиција беше разрешен Сергеј Баздников, кој беше руски амбасадор во Македонија

Прочитај повеќе

Колку тежи буџетот на Град Скопје за 2026 и за што ќе се трошат парите

Изгласан е буџетот на Град Скопје за следната година. Истиот изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување од 12,04% во однос на 2025 година. Капиталните инвестиции изнесуваат 1.787.000.000 денари, или 34,4% од вкупниот буџет. За споредба, во 2025 година капиталните инвестиции изнесувале 1.344.160.000 денари, односно 28,9%. Буџетот за образование е зголемен

Прочитај повеќе

Каков имот пријавил Беким Сали, новиот министер за европски прашања

Нов министер за европски прашања е Беким Сали од владејачката коалиција “Вреди“. Сали дојде на местото на Орхан Муртезани, кој беше разрешен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Беким Сали избран за нов министер за европски прашања, Мухамет Хоџа за животна средина Сали е поранешен министер за здравство, а пред повторно да стане министер,

Прочитај повеќе

Ревизија утврди дека исти луѓе преку различни фирми добивале пари од Фондот за иновации и технолошки развој

Со спроведената ревизија на финансиското работење и усогласеноста на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2024 година, Државниот завод за ревизија утврди слабости и недоследности кои укажуваат на потреба од подобрување на финансиското управување, зајакнување на контролите и целосно почитување на законската регулатива, информираа од таму. -Констатирани се

Прочитај повеќе

„Чичко прскај повеќе вода, поубаво дишеме“: Сведочеше првиот сведок на Обвинителството

Откако одбраната на сите обвинети за трагедијата во Кочани заврши со воведните зборови, на денешното рочиште сведочеше првиот сведок на Основното јавно обвинителство, Дејан Николов. Тој е сопственик на авто-лимарски сервис, кој се наоѓа веднаш до т.н. дискотека од 2009 година, па од 2012 година па натака имал можност да

Прочитај повеќе

Зекирја Таири нов пратеник, доаѓа на местото на Беким Сали

Нов пратеник во македонското Собрание е Зекирја Таири од владејачката коалиција “Вреди“. Тој доаѓа на местото на Беким Сали, кој стана министер за европски прашања. Таири доаѓа од изборната единица 1 и останува уште Собранието да го верификува неговиот мандат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Беким Сали, новиот министер за европски

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести