Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре издаде метео-аларм за врнежи од дожд, кои наместа, особено, во централните и источните делови ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Фото: Unsplash














