Целосно ќе се реконструира и ќе се електрифицира пругата Скопје – Кичево

Министерот за транспорт, Александар Николоски денеска на прес-конференција информираше дека Владата донела одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8.

Планот е прво пругата да биде реконструирана, а потоа да се постави модерна сигнализација и да биде електрифицирана. Реконструираната пруга ќе биде поставена на сегашната траса и нема да има дополнителни трошоци и застои за изградба на пругата.

Реконструкцијата ќе овозможи поврзување на Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.

Истата, како што кажа Николоски, по завршувањето на студијата, треба да биде готова за две до 2,5 години.

Индикативната цена е околу 4 милиони евра за километар или повеќе од 300 милиони евра ќе чинат 79. километри од пругата.

Од Европската Унија ќе се обезбедат 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде Европската банка за обвнова и развој, која ќе одбере консултант, по што ќе се оди кон втората фаза – работа на терен.

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести