„Читањето е супермоќ“ – литературно-музички хепенинг со „Пет плус фамилија“

За среќен и успешен почеток на новата учебна година, денеска со почеток во 18 часот, во детскиот парк на „Скопје сити мол” ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“.

Децата ќе пеат со „Пет плус фамилија”, ќе танцуваат со Dancers United, ќе цртаат со Калиопи Трпчева и ДРАШ, ќе читаат со „Арс Ламина” и ќе се дружат со омилените ликови од книгите: Исидора Мун, Мирабела, Хари Потер, Хермиона и други.

Во рамките на оваа двочасовна дружба ќе бидат наградени и најдобрите учесници од креативниот предизвик „Мојот омилен лик од книгите”, кој беше распишан од 4 до 11 септември 2025 година.

Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ”, која „Арс Ламина” ја реализира веќе седма година по ред, е поттикнување на читачките навики кај најмладите. Настанот е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина”, во соработка со „Скопје сити мол” и „Литература.мк”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести