Адвокатот на Маја Лозановска, директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Жарко Стеваноски, информираше дека таа во вторник ќе оди на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи (МВР) – ОВР Демир Хисар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заедно двајцата во полицијата во присуство и на началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиновски, за кој од МВР најавија дека ќе биде разрешен, бидејќи Одделот за внатрешна контрола при МВР утврдил непрофесионалност во постапувањето при претресот на домот и автомобилот на директорката, за која тој бараше да биде приведена и на носилка, ќе побараат да се утврди кој обил во просториите на училиштето на 8. август, денот кога беше направен претрес и кај директорката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе бараат и да се расчистат спорните прашања околу законитоста во постапката за да се издејствува наредбата за претрес, односно да се потврди врз основа на чија пријава и врз основа на какви докази ОВР Демир Хисар го сторило веројатниот основ за сомневање за сторено кривично дело пред Основното јавно обвинителство Битола врз основа на кој била издадена наредбата за претрес.
Фото: Фејсбук/Стеваноски