„Дакапо Бенд“ во нивниот најнов проект, ги оживеаја безвременските ноти кои се врежани во колективната меморија на нашиот народ, докажувајќи дека добрата песна нема рок на траење.
„Сржта на овој проект е омажот кон великаните, па така, публиката има прилика да ужива во маестралните изведби на „Стрела песната“ и боемската химна „Ќе пијам, ќе лумпувам“, преку кои бендот го слави ликот и делото на легендарниот Гоце Арнаудов, но и да го почувствува пулсот на македонскиот чочек преку „Дада Сали“ на виртуозот Ферус Мустафов. Репертоарот е збогатен и со емотивните обработки на народните бисери „Твоите очи Лено“, „Бело лице“ и разиграната „Македонки билбилјанки“, кои во ваква изведба звучат помоќно од било кога.
Зад оваа звучна магија стои извонредна шестчлена екипа во која секој член дава свој уникатен печат: емоцијата ја пренесува вокалот Антонио Тасевски, додека за автентичниот македонски звук се погрижија Влатко Ѓорчев на кларинет и саксофон и Илија Мицев на труба, поддржани од хармонската прецизност на Горан Костадинов и Тодор Ушитков на клавијатури и незаменливиот ритам на Никола Давчев на ударни инструменти,“ се вели во соопштението.
Промотивна објава













