Дали сме несреќни или само имаме поинаков рецепт за радост, тема во новата епиозода на Reality Check

Додека Скандинавците суверено владеат со врвот на листите за најсреќни нации, Македонија се позиционира на 86. место, далеку во втората половина на светската табела. Но, дали оваа статистика навистина значи дека сме несреќни или едноставно имаме поинаква дефиниција за животот?

Во новата епизода на Reality Check се истражува дали тајната е во шведскиот концепт на „фика“, демократијата и довербата во системот, или во македонската способност да се најде хумор дури и кога „животот не е фер“.

„Шведскиот амбасадор ни открива дека нивната филозофија е постојано „дополнување на чашата“ и гледање напред, додека ние често трошиме енергија на „мрчење“ за тоа зошто чашата е полупразна. Сепак, и покрај „амбиенталниот стрес“ од политиката и сообраќниот метеж, ние поседуваме социјален капитал што Западот можеби полека го губи – длабока блискост, силно семејство и време за кафе на сонце.

Науката вели дека малите радости го активираат допаминот исто колку и големите победи, па прашањето е – кој всушност знае подобро да ужива? Оваа епизода е судир на два света: шведската дисциплина, креативност и баланс наспроти македонскиот пркос, топлина и снаодливост,“ вели Ели Пешева, идеен творец на емисијата.

Откријте зошто и покрај сета поврзаност младите се сѐ поосамени и дали постои универзална формула за среќа која можеме да ја научиме од северот, а да ја примениме на југот. Специјален гостин во оваа епизода е Коста Петров.

Гледајте го целото видео на каналот на Reality Check и откријте каде навистина се крие среќата!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести