На престојното Собрание на акционери Алта банка АД Битола треба да добие нов Надзорен одбор (НО).
За нови членови се предложени Давор Мацура, Уна Сикимиќ, Татјана Куљак, Вељко М. Мијушковиќ и Горан Коевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се предлозите за нови членови на НО на Алта банка Битола
На Собранието исто така треба да биде разрешен моменталниот состав на НО, во кој се Гордана Гацева, која е претседател и независен член, Борислав Атанасовски, член, Стевчо Јолаковски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, независен член.

Кој е Давор Мацура
Роден е на 6.10.1981 година.
Од 2022 година тој е Доктор на науки по менаџмент и бизнис, а докторирал на Универзитет „МБ“ во Белград, Србија, стои во неговата биографија објавена преку Македонската берза од страна на Алта банка Битола.
Магистер на науки станал во 2016 година, на Универзитет “Унион – Никола Тесла” во Белград.
Тој е дипломиран економист. Дипломирал на Универзитет „Едуконс Сремска Митровица“ – Факултет за економија, во 2014 година.
Тој е актуелен претседател на НО на Алта банка Белград. Претседател на НО е и во Алта лизинг ДОО Белград.
Во АБЛ Солвент ДОО Белград е директор.
Тој е и претседател и застапник на Здружението на менувачи на Србија и Белград.
Краен сопственик на Алта банка Белград сопственикот на Алта банка Битола
Тој е индиректен краен сопственик на Алта банка Белград, каде поседува 95,13% од акциите. Алта банка Белград е сопственик на Алта банка Битола (поранешна Стопанска банка Битола).
Сопственик на Алта банка Белград е Алта Груп ДОО Белград, каде единствен сопственик е тој.
Алта банка Белград е сопственик и на Алта лизинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела лани Алта банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Фото: Алта банка Белград














