Уредените зелени површини во школските дворови ги поттикнуваат учениците почесто да се дружат на отворено, помалку време да поминуваат со мобилните телефони, да израснат во здрави социјални битија.
Уредените школски градини, влијаат позитивно на психофизичкиот развој на децата, поттикнуваат кај нив убави чувства, дури придонесуваат да бидат и подобри ученици. Овие дружења кај учениците ги зајакнуваат социјалните вештини, поттикнуваат другарство, емпатија, создаваат добро основа за во иднина.
Зеленилото воопшто поттикнува, мотивира, придонесува децата да бидат посконцентрирани и посреќни, што индиректно придонесува кон остварување подобри образовни резултати. Ова го потврдуваат различни истражувања, и е сознание кое многу наставници и родители одамна го почувствувале.
Уредениот школски двор не е само украс – тоа е важен образовен ресурс. Зеленилото, дрвјата, цветните леи и природните сенки создаваат пријатна и инспиративна атмосфера која го поттикнува учењето, креативноста и физичката активност. Истовремено, природната средина има смирувачки ефект врз децата, намалувајќи го стресот и зголемувајќи ја нивната способност за фокус и соработка.
Секој ученик заслужува да игра и да учи во школо кое има уредена градина!Токму затоа dm дрогерија започна со еко конкурс и иницијатива за озеленување на дворовите во основните и средните училишта низ земјава. Конкурсот е отворен од 16 септември 2025 и ќе трае до 31 август 2025 и е отворен за сите државни и општински градинки, основни и средни училишта на територијата низ Македонија.
Во секој месец е возможно реализирање, урбано пошумување на максимално 2 училишни дворови. Учениците ќе бидат директно инволвирани во процесот на садење- проектот е од едукативен карактер и ќе има едукативен дел каде тие ќе учат како сами да ги садат и одржуваат насадените дрвца. Повеќе детали за конкурсот може да најдете на следниот линк.
Инвестирањето во зелен и уреден школски двор е инвестирање во иднината на децата. Нивниот успех започнува токму таму, под сенката на дрвјата, во свежиот воздух и со насмевка на лицето.
ПР-објава