Денеска започнува 37. Поетска ноќ во Велестово

Денеска започнува 37. Поетска ноќ во охридското село Велестово на која ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија).

Програмата ќе започне на во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ќе настапат поетите од странство.

Вечерва во 22:30 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово ќе биде отворена и изложбата „Непредвидливи соочувања“ на академскиот сликар Стефан Младеновски.

Следните два дена ќе се одржат и две книжевни промоции на стихозбирки од Мирослав Кирин од Хрватска и на Фарид Хусеин од Азербејџан, како и две интернационални поетски читања, едното во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово и завршното поетско читање ќе се одржи в недела, на 17. август, во кафе и бар „Шила“ во Охрид, на кои, покрај споменатите поети, ќе настапат и Рошин Кели од Ирска, Рената Јамбрешиќ Кирин од Хрватска, Поли Муканова од Бугарија, Анисија Ангел од Романија, како и домашните поети: Лулзим Хазири, Ивана Јовановска, Марија Ангеловска, Емануела Ковачевска Китановска, Маја Мојсова, Павлина Атанасова и Стефан Костоски.

Во програмате е предвиден и кус музички концерт на Игор Климовски (соло хармоника), како и организирано разгледување на културно-историското наследство на Охрид и природните убавини на Националниот парк „Галичица“.

Постерот за годинешното издание на фестивалот е посветен на пеперугите на Галичица, со цел да се подигне свеста за нивната заштита. Автор на постерот е Андреј Павлов.

Програмата може да ја погледнете ОВДЕ.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести