Девизните резерви на Македонија на крајот од мај изнесувале 4.691,1 милион евра.
Според податоци на Народната банка тие за еден месец се намалиле за околу 80 милиони евра, а споредено со истиот период лани за околу 328 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се во хартиите од вредност – 75,8%, во монетарно злато се 13,7%, а 10,4% се во депозити.