Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на ноември, девизните резерви на Македонија изнесуваат 4.862,2 милиона евра.
Во однос на претходниот месец истите бележат зголемување за 19 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).














